АВАСТИН

Што е Aвастин?

Авастин е лек кој го спречува растот на патолошките крвни садови кои се појавуваат кај влажната форма на макуларна дегенерација (АМД): Се користи и за третман на макуларен едем (оток во центарот за вид) кој се јавува кај дијабетична ретинопатија и венски оклузии.

Како делува?

За растот на патолошките крвни садови во окото потребен е фактор наречен ВЕГФ. Авастинот го блокира лачењето на ВЕГФ кој предизвикува губење на видот.Затоа овој лек се нарекува анти ВЕГФ.

Кои болести се третираат со Авастин?

       1.Влажната форма на сенилна макуларна дегенерација

  2.Макуларен едем кај дијабетична ретинопатија

    3.Макуларен едем кај централна венска оклузија или оклузија на венска гранка

Како се аплицира?

Пред давањето на Авастинот окото се чисти за да се превенира инфекција.Потоа се капе локален анестетик.Лекот се става се многу тенка игла во задниот дел на окото.Вие не ја гледате иглата.Можете да примите неколку дози на Авастин за време од неклоку месеци. Тоа го одредува вашиот офталмолог. Повторното давањена инекцијата има за цел да го одржи видот.Во некои случаи ќе ви биде предложен комбиниран третман со ласер-фотокоагулација. Тоа зависи од вашата состојба.

Несакани ефекти при давање на Авастин

- Црвенило

- Болка

- Заматување на видот или дупла слика

- Чешање

- Чувство на нешто во окото

и многу поретко

- Инфекции

- Катаракта

- Одлепување на мрежница

Доколку забележите некои од овие симптоми јавете се на вашиот лекар.

Работно Време

Понеделник - Петок     08:00 - 19:00

Сабота                                09:00 - 13:00

Контакт

(02) 309 20 40

(02) 309 20 30

070 339 164

eyecenter@vizia.com.mk

Vizia - Centar za oci